18.03.2019

„Значењето на стратегијата и носење Закон за заштита на критична инфраструктура во Република Северна Македонија“

На 13 март 2019 година во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа експертската дебата на тема "Значењето на стратегијата и носење Закон за заштита на критична инфраструктура во Република Северна Македонија" во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје

На дебатата беа присутни пратеници од Комисијата за одбрана, професори и експерти во струката, а свое обраќање имаше и Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Оливер Спасовски.

Во рамки на дебатата професорот Роберт Микац од Загреб ги сподели искуствата на Република Хрватска од процесот на носење на законот за заштита на критичната инфраструктура.

Во услови на современо општествено живеење, критичната инфраструктура игра ис­клу­чително значајна и витална улога. Нејзината поддршка на современите опш­тес­тв­ени случувања е од непроценливо значење. Затоа, главната цел е на почетокот да се ини­цира сеопфатна општествена акција преку изработка и промоција на моно­гра­фи­ја за заштита на критичната инфраструктура и да се направи обид за подигање на свес­та за значењето на критичната инфраструктура.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org