27.05.2023

Школа за политики 2023 - Втор модул

Во Охрид се одржа вториот модул од Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, реализиран во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт.

Модулот го отвори директорот на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје, Рене Шлее, кој ја претстави работата на Фондацијата во земјата и пошироко и посочи на потребата од вклучување на младите во дискусиите за социјалните и економските политики. Тој напомена дека оваа програма е од особено значење, бидејќи овозможува платформа за дијалог помеѓу различните идеологии и ставови на учесниците.

Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование е организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Школата настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на пет едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org