22.02.2021

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ШКОЛАТА ЗА ПОЛИТИКИ ЗА 2021

Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, во улога на една од партнерските организации на Претседателскиот центар за политичко образование го споделува повикот за учесници на Школата за политики за 2021 година.

Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Ве охрабруваме да ја искористите оваа одличната шанса да го зајакнете своето знаење и да ги унапредите Вашите вештини, а воедно и да размените искуства со останатите учесници, предавачи и експерти!

Повеќе информации за концептот на Школата за политики, како и за постапката и критериумите за избор на учесници ќе дознаете ОВДЕ.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org