28.10.2019

Регионална школа за дипломатија 2019: Градење мостови преку разврешување на конфликти

Договорот од Преспа може да се дефинира како уникатно дипломатско достигнување за решавање на конфликти и соработка помеѓу различни чинители во регионот.

Со цел да се зајакнат односите меѓу младите дипломати во регионот и да се дискутира  имплементацијата на Договорот од Преспа, Фондацијата ФРидрих Еберт и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организираа Регионалната школа за дипломатија 2019: Градење мостови преку разврешување на конфликти.

Кои се лекциите од Преспанскиот договор во насока на дипломатските преговори и нивните регионални / меѓународни импликации? Каква улога играат меката моќ, граѓанското општество и културната дипломатија во процесот на разрешување на конфликтите? И, како можат младите од регионот да бидат вклучени во градењето на прекугранични мостови? Овие прашања и други регионални предизвици и можности беа разгледувани за време на Регионалната школа за дипломатија 2019 која се одржа од 6-ти до 9-ти октомври во Скопје. Младите дипломати од 8 земји (Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) имаа можност за време на настанот да дебатираат со говорници од областа на политиката, дипломатијата, новинарството, академската заедница и граѓанското општество.

За време на сесиите, учесниците разговараа за решавање на долготрајни, регионални спорови засновано на политичка волја, дипломатски напори, културни активности и меѓугранична соработка на граѓанското општество. Оттука, вклучувањето на граѓанското општество, културата и младите беа препознаени како битен фактор во процесите на разрешивање на конфликтите во регионот Основањето на канцеларија за млади за Грција-Северна Македонија е одличен пример во таа насока. Покрај тоа, беше ставен акцент и на создавање мрежа за размена на искуства и идеи помеѓу младите дипломати во регионот. Сите овие теми беа дискутирани и во насока на евроинтеграциските процеси.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org