Регионална школа за дипломатија 2019: Градење мостови преку разврешување на конфликти
Со цел да се зајакнат односите меѓу младите дипломати во регионот и да се дискутира имплементацијата на Договорот од Преспа, Фондацијата ФРидрих Еберт и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организираа Регионалната школа за дипломатија 2019: Градење мостови преку разврешување на конфликти.
Кои се лекциите од Преспанскиот договор во насока на дипломатските преговори и нивните регионални / меѓународни импликации? Каква улога играат меката моќ, граѓанското општество и културната дипломатија во процесот на разрешување на конфликтите? И, како можат младите од регионот да бидат вклучени во градењето на прекугранични мостови? Овие прашања и други регионални предизвици и можности беа разгледувани за време на Регионалната школа за дипломатија 2019 која се одржа од 6-ти до 9-ти октомври во Скопје. Младите дипломати од 8 земји (Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) имаа можност за време на настанот да дебатираат со говорници од областа на политиката, дипломатијата, новинарството, академската заедница и граѓанското општество.
За време на сесиите, учесниците разговараа за решавање на долготрајни, регионални спорови засновано на политичка волја, дипломатски напори, културни активности и меѓугранична соработка на граѓанското општество. Оттука, вклучувањето на граѓанското општество, културата и младите беа препознаени како битен фактор во процесите на разрешивање на конфликтите во регионот Основањето на канцеларија за млади за Грција-Северна Македонија е одличен пример во таа насока. Покрај тоа, беше ставен акцент и на создавање мрежа за размена на искуства и идеи помеѓу младите дипломати во регионот. Сите овие теми беа дискутирани и во насока на евроинтеграциските процеси.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија