Програма за стипендирање

Програма за стипендирање на Фондацијата Фридрих Еберт

Промовирање на млади таленти е еден од носечките принципи на ФЕС. Фондацијата ги доделила своите први стипендии токму на посебно талентирани млади лица од работнички семејства кои играле активна улога во младинската демократија на Вајмарската Република.

Оттаму, за ФЕС не се важни само академските постигнувања на кандидатот, па во процесот на селекција важна улога има и неговата социјална и политичка инволвираност и личните ставови.

Кој може да се пријави?

ФЕС поддржува студенти од јавни факултети или факултети акредитирани од државата, како и од политехнички виши школи. Таа ги поддржува сите академски предмети и пост-дипломски програми. Студенти кои не се германски државјани исто така може да се пријавуваат за стипендии, но во времето на аплицирање за стипендијата тие мора да студираат во Германија.

За да дознаете повеќе за процесот на аплицирање и да дознаете со кого да контактирате, молиме посетете ја FES Scholarship Department website.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org