Еднаквост и социјална правда

Општествата каде има поголема еднаквост се поуспешни. Економијата функционира подобро, образовниот систем е поефикасен, во просек, луѓето се поздрави, живеат подолго и се посреќни со можностите кои им ги нуди животот. Оттаму, создавањето на еднакво и поправедно општество е од суштинска важност за државата да почне да се развива и да оди напред. Следејќи ги движечките вредности на социјалдемократијата, ние во ФЕС Скопје ги насочуваме нашите активности на низа прашања кои се поврзани со овие теми.  

Ние работиме за еднакво општество, кое обезбедува еднакви можности и социјална заштита за сите граѓани. Тоа подразбира еднаков пристап до образование, еднаква плата и социјална сигурност но и засилена поддршка за оние групи граѓани кои се запоставени, наместо на оние кои и самите успеваат во животот.   

Борба против сите облици на дискриминација и јакнење на свеста за важноста на толерантно општество за создавање на поуспешна иднина за сите е од клучна важност за да се постигне ова. Тоа значи и поддршка за вклучување на жените на пазарот на трудот, борба за добри и правични работни услови и образовни можности исто како и откривање и спречување на структурна и секојдневна дискриминација и стереотипи засновани врз раса, сексуална ориентација или род.

Најнови вести и настани

01.06.2024 | Еднаквост и социјална правда | News

Фестивалот „Домување за сите!“, организиран од страна на Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС)  се одржува…


повеќе

30.03.2024 | Еднаквост и социјална правда | News

Сојузот на синдикатите на Македонија, СГИП, СИЕР, АГРО и СРТ во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје организира специјализирана…


повеќе

05.03.2024 | Еднаквост и социјална правда | News

На 04.03.2024 година се одржа јавна презентација на анализата „Реформа на социјалната заштита во Северна Македонија од 2019 година: ефекти и…


повеќе

FES Interactive

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org