Практикантства

Канцеларијата на ФЕС во Скопје редовно нуди позиции за практиканти. Тие се замислени како можност за студентите од Северна Македонија и Германија да работат во полето на политички науки, право, економија, социологија, но и за другите кои се заинтересирани за полето на социјалните демократски вредности.

Важен предуслов за практикантите е одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на германски или албански јазик не е задолжително но сепак се смета за предност.

Времетраење

Најчесто, практикантската работа трае 8 - 12 недело. Во одредени случаи времетраењето може да биде различно.

Задачи

Работните задачи не се строго утврдени, и се утврдуваат согласно тековните потреби и задачи во канцеларијата. Најчесто задачите на практикантите се во следниве области:

  • Подготовка и организирање на конференции и други настани со надворешни учесници,
  • Учество на семинари и работилници,
  • Истражување и пишување на текстови и извештаи,
  • Помош при тековните активности во канцеларијата.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните информации на англиски или германски јазик на е-маил адресата contact(at)fes-skopje.org

  • Биографија (Curriculum Vitae)
  • Барање со мотивациско писмо и наведување на предметните области и активности од особен интерес
  • Временскиот период и датумите кога кандидатот сака да работи

Во периодот јули-август не можеме да понудиме практикантство.
 


Доколку сте заинтересирани да работите како практикант во една од канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт во Германија, ве молиме да ги погледнете Секторите и директно да контактирате со оној кој ве интересира.

Посетете ги веб страниците на ФЕС на:

Националните сектори
Меѓународните активности

Имајте на ум дека познавањето на германскиот јазик се бара за сите работни позиции како практикант во сите наши канцеларии во Германија.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org