ФЕС во Северна Македонија

Нашите активности

Во својата работа, Фондацијата Фридрих Еберт се раководи според основните вредности на социјалната демократија: слобода, правда, солидарност и меѓународен дијалог. Оваа задача Фондацијата Фридрих Еберт ја следи и во Република Северна Македонија, каде што има своја канцеларија уште од 1996 год., кога ги отпочна своите активности за поддршка на трансформација на државата во областите на граѓанско учество и активизам, социјален дијалог, пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и регионалната соработка во Западен Балкан.

Способноста да се поврзат клучните чинители и актери е особена предност на Фондацијата во областа на меѓународната соработка. Дијалогот, издаваштвото и програмите со отворени форуми и дебати во Северна Македонија придонесуваат за квалитетна политичката анализа и дискусии во областа на политиката, социјалниот дијалог, образованието и родовите прашања.


Теми

Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор
Теми

Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор

По дефиниција, политички дијалог се смета дека е „размена на гледишта, што претпоставува присуство на барем два ентитета” – понекогаш тие ентитети се политички партии, понекогаш организации на граѓанското општество,... повеќе

Еднаквост и социјална правда
Теми

Еднаквост и социјална правда

Општествата каде има поголема еднаквост се поуспешни. Економијата функционира подобро, образовниот систем е поефикасен, во просек, луѓето се поздрави, живеат подолго и се посреќни со можностите кои им ги нуди животот. повеќе

Образование и политики за младите
Теми

Образование и политики за младите

Образованието е еден од темелите на активностите на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија. Нашите активности се насочени кон образовни форуми за јавните политики кои ги нудат најсоодветните формални образовни системи,... повеќе

ЕУ Интеграција
Теми

ЕУ Интеграција

Фондацијата Фридрих Еберт е силно посветена на соработка и заедничко ангажирање на клучните актери за промовирање на европски вредности и постигнување на развиено општество кое се темели врз основни права и солидарност. повеќе

Одржливост и безбедност
Теми

Одржливост и безбедност

Добрососедските односи и владеењето на правото кое функционира се предуслов за воспоставување и одржување на демократски систем. повеќе

Регионални Програми
Теми

Регионални Програми

По повеќе од две децении посветена работа во Југоисточна Европа, ФЕС го потврдува фактот дека предизвиците и проблемите кои сè уште постојат во регионот може најефикасно да се разрешат преку споделена регионална рамка. повеќе

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

Практикантство

Практикантство

Канцеларијата на ФЕС во Скопје редовно нуди позиции за практиканти. повеќе