Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) – Фондација за социјална демократија!
За нас
Фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС е најстарата политичка фондација во Германија, со богата традиција во социјалдемократијата која датира уште од нејзиното основање во 1925 год. Фондацијата го должи своето основање и мисија на политичкото наследство кое зад себе го остави политичарот по којшто е именувана, Фридрих Еберт, првиот демократски избран германски претседател.
Активностите на нашата политичка фондација се темелат врз основните идеи и вредности на социјалдемократијата – слобода, правда и солидарност. Ова нé поврзува со социјалдемократијата и слободните синдикати. Како непрофитна институција, нашата работа ја организираме самостојно и независно.
Нашите цели
Ние промовираме
- Слободно општество, кое се базира врз вредностите на солидарност, која на сите граѓани им нуди еднакви можности за учество на политички, економски, социјални и културни полиња независно од нивното потекло, пол или религија
- Жива и силна демократија; одржлив економски развој со пристојна работа за сите
- Социјална држава која нуди повеќе образование и подобрена здравствена заштита, а истовремено се бори против сиромаштијата и нуди заштита низ животните предизвици со кои се соочуваат граѓаните
- Земја која ја споделува одговорноста за мир и социјален напредок во Европа и во светот.
Што работиме
Ја поддржуваме и јакнеме социјалдемократијата посебно преку:
- Активности за политичко образование за да се зајакне граѓанското општество. Нашите образовни програми во Германија ги мотивираат, оспособуваат, информираат и обучуваат граѓаните за успешно да се вклучуваат во политички, синдикални и граѓански активности. Го подобруваме учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки и социјалните дебати и дискусии.
- Анализа на јавните политики: развиваме стратегии по клучни прашања кои се однесуваат на економските, социјалните и образовните политики, како и за клучни прашања кои ја унапредуваат демократијата. Во областите каде се допираат активностите на академските експерти, политичките практичари и тинк-тенковите, ние создаваме политички дискурс за праведен и одржлив економски и социјален поредок на домашно, европско и светско ниво
- Меѓународна соработка: со мрежа на канцеларии во повеќе од 100 земји од целиот свет, ние поддржуваме политика на мирољубива соработка и човекови права, зајакнато воспоставување и консолидирање на демократски, социјални и уставни структури и го предводиме слободното синдикално движење и силниот граѓански сектор. Ние сме активно вклучени за промовирање на социјална, демократска и конкурентна Европа во европскиот интегративен процес.
- Поддршка за талентирани млади лица со стипендии, посебно за студентите и кандидатите за пост-дипломски титули од семејства со пониски примања или од родители-мигранти. Тоа е нашиот придонес кон јакнење на образовната демократија.
- Колективната меморија на социјалдемократијата: нашата архива, библиотека и проекти од модерната историја постојано ги оживуваат историските корени на социјалдемократијата и синдикатите и даваат поддршка за социо-политички и историски истражувања.
Фридрих Еберт (1871-1925)
Фридрих Еберт бил првиот Претседател на Вајмарската Република во периодот од 1919 до 1925 год. Тој бил активен поддржувач развојот на парламентарната демократија, кој се гледал себеси како претседател на сите Германци и бил посветен на политика насочена кон социјална рамнотежа и компромис.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија