27.04.2023

Бизнис Форум Валандово

Во Валандово се одржа петтиот по ред Бизнис форум на тема "Иновации, енергија и одржлив развој" во организација на општина Валандово и Фондацијата "Фридрих Еберт" канцеларија Скопје.

Дискутиравме на интересни теми со владини претставници, граѓански организации и експерти, како од дома, така и од странство, со цел да одговориме на прашањето на одржливиот развој: како да вложуваме во економски развој кој ќе ја намалува сиромаштијата и нееднаквоста, а истовремено ќе овозможи чиста и здрава животна средина?

Непосредно по завршувањето на бизнис форумот во Валандово на тема „Иновации, енергија и одржлив развој“ чиј фокус беше дискутирање на одржливите политики на локално ниво, особено во делот на енергетиката, одржавме и работилница на тема „Енергетската транзиција како можност за одржливо финансирање на локално ниво и соработка со граѓаните“. Со претставници на повеќе општини, на работилницата во Дојран разговараме за одржливите енергетски политики и иновативните концепти за производство на чиста, евтина и достапна енергија за сите граѓани.

Освен овие придобивки, искуставата на нашите партнери од Хрватска укажуваат на можностите за одржливо финансирање на општините преку многуте фондовски повици како од ЕУ, така и од останати меѓународни институции и развојни агенции. ДООЕЛ Енергија Центар е пример за ваков иновативен концепт кој ќе послужи како пример за чекорење на енергетската транзиција на локално ниво, покрај енергетските задруги и заедници и други модели кои ни стојат на располагање.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

назад на почеток