Каков е животниот стандард на младите во Северна Македонија?
Ова се само некои од прашањата на кои одговорија младите во новата емпириска студија за млади на Северна Македонија 2018/2019 спореведена од страна на Фондацијата Фридрих Еберт. Со репрезентативен примерок од 1038 млади луѓе на возраст од 14 до 29 години, испитаниците беа прашани за нивните ставови, дилеми и очекувања.
Ова е втора студија за млади на Фондацијата Фридрих Еберт спроведена во Македонија, по првата која беше спроведена во 2013 година. Студијата не само што дава комлетен увид во состојбата со младите во земјата, туку и нуди соодветни решенија за тоа како општеството во целина може да им помогне на младите. Студијата за млади беше спроведена во 10 земји во југоисточна Европа, а резултатите од сите десет студии се анализирани компаративно во регионална студија.
Студијата е издадена на македонски, албански и англиски јазик. Студијата за млади на Северна Македонија 2018/19 во електронска форма можете да ја преземете овде. Додека регионалната студија е издадена само на англиски јазик и е достапна овде.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија