01.06.2021

ОНЛАЈН КАМПАЊА – ПРИБЛИЖИ ГО СИНДИКАКОТ ДО МЛАДИТЕ ЛУЃЕ

Фондаијата Фридрих Еберт во нејзиното работење во голема мера се залага за почитување на работничките права и нивна промоција и унапредување.

Во склоп на својата работа, во партнерство со Секцијата на млади при Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) ФЕС се вклучи во кампањата за промоција на синдикалното здружување помеѓу младите луѓе, со цел промовирање на синдикализмот и мотивирање на младите луѓе за да се запознаат и да се приклуќат во Синдикат, со цел заштита на нивните работнички права.

Како дел од оваа кампања, се реализираше промотивно видео преку кое сакаме младите луѓе да се потикнат да размислуваат и да делуваат во насока на зашита и унапредување на нивните работнички права кои им се загарантирани со Законот за работни односи.

ФЕС ќе продолжи да се залага за ѓто поголемо почитување и унапредување на работничите права, а особено со фокус на младите работници.

Видеото кое се реализирање во партнерство со Секција на млади при ССМ можете да го погледнете на следниот линк www.youtube.com/watch;

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

назад на почеток