Фондацијата Фридрих Еберт е силно посветена на соработка и заедничко ангажирање на клучните актери за промовирање на европски вредности и постигнување на развиено општество кое се темели врз основни права и солидарност. Нашата заложба во Северна Македонија се потпира врз инклузивна рамка која вклучува дебати и дискусии со граѓанското општество, владини претставници, политички актери, дипломати и претставници на Европската Унија на национално ниво, каде се вклучени сите земји во регионот.
За повеќето македонски граѓани, перспективата за приклучување во Европската Унија претставува економски просперитет, социјални гаранции како и безбедно опкружување. Целите на ФЕС Скопје е да се овозможи одржлив и балансиран развој преку прогресивен дискурс за јавни, надворешни и безбедносни политики во рамките на ЕУ.
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија