„Ајде да зборуваме за даноци!“
За време на дебатата, студентите имаа можност да зборуваат за даноци со Министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски, Директорката на Управата за јавни приходи, г-ѓа Сања Лукаревска, и Продеканот на Економскиот факултет, доц. д-р Љупчо Давчев.
Студентите дебатираа за видовите даноци, формите на даночни стапки, нивните предности и недостатоци, карактеристики, принципи и функции, како и за ефектите на прогресивниот данок на личен доход врз социо-економските текови во државата. Притоа, Министерот за финансии ја истакна одлуката за прогресивно оданочување како мерка за борба против високите стапки на нееднаквост и сиромаштија во нашата земја.
Учество во дебатата земаа и професори и експерти на темата, претставници на Управата за јавни приходи во Штип, Стопанската комота, при што се разви динамична и аргументирана дебата која ги поттикна студентите да покажат интерес за земање активно учество во овие процеси во иднина. Заклучоците од дебатата уште еднаш потврдија дека нашата земја и е потребен правичен даночен систем и мерката за прогресивно оданочување на личниот доход е чекор кон остварување на тоа.
Следната дебата “Ајде да зборуваме за даноци!” е предвидена за 17ти Април, 2019 на Универзитетот на „Југоисточна Европа“ во Тетово.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија