11.06.2023

Академија за јавни политики - Втор модул

Викендов се одржа вториот модул од Академијата за јавни политики „Од идеја до реализација” во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт” и Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој „SIGA”.

Вториот модул насловен „Што значи да се вмрежам и добијам поддршка за мојата идеја” го отворија основачот на политичкиот стартап (политичко движење) „Прогресивна Словачка”, претприемач посветен на иновации, инвестирање во технолошки компании и ментроство на млади таленти Иван Штефунко, проект координаторката во ФЕС Нита Старова и директорката СИГА Мила Царовска.

На Академијата, исто така учество зедоа и претседателката на здружението „Гласен текстилец” Кристина Ампева, извршната директорка на граѓанското здружение „Конект” Никица Кусеникова, маркетинг и бизнис стратег Дарјан Раденковиќ којшто е основач на Агенцијата за стратешки комуникации Жар Птица и тим билдинг експертот Владо Караев.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

назад на почеток