10.06.2023

„Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“

Фондација Фридрих Еберт-Канцеларија Скопје во соработка со Regional Youth Cooperation Office - RYCO и Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje овој викенд во Охрид втора година по ред ја организираат обуката на тема „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“.

Младите учесници на оваа обука ќе работат на теми директно поврзани со младинското учество во општествените процеси како и во процесот на одлучување. Одлична можност за нив да се поврзат и да соработуваат со другите подмладоци, се со цел подобрување и унапредување на состојбите на младите во Северна Македонија.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org