Општествата каде има поголема еднаквост се поуспешни. Економијата функционира подобро, образовниот систем е поефикасен, во просек, луѓето се поздрави, живеат подолго и се посреќни со можностите кои им ги нуди животот. Оттаму, создавањето на еднакво и поправедно општество е од суштинска важност за државата да почне да се развива и да оди напред. Следејќи ги движечките вредности на социјалдемократијата, ние во ФЕС Скопје ги насочуваме нашите активности на низа прашања кои се поврзани со овие теми.
Ние работиме за еднакво општество, кое обезбедува еднакви можности и социјална заштита за сите граѓани. Тоа подразбира еднаков пристап до образование, еднаква плата и социјална сигурност но и засилена поддршка за оние групи граѓани кои се запоставени, наместо на оние кои и самите успеваат во животот.
Борба против сите облици на дискриминација и јакнење на свеста за важноста на толерантно општество за создавање на поуспешна иднина за сите е од клучна важност за да се постигне ова. Тоа значи и поддршка за вклучување на жените на пазарот на трудот, борба за добри и правични работни услови и образовни можности исто како и откривање и спречување на структурна и секојдневна дискриминација и стереотипи засновани врз раса, сексуална ориентација или род.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија