Образованието е еден од темелите на активностите на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија. Нашите активности се насочени кон образовни форуми за јавните политики кои ги нудат најсоодветните формални образовни системи, истовремено свесни за фактот дека програмите за стручно образование носат низа придобивки за младите. Преку смалување на јазот помеѓу бараните и постоечките вештини на пазарот на трудот и промовирање на критичко размислување, образованието внесува позитивна промена во општеството, и го помага развојот на земјата.
Социјалниот и политичкиот ангажман на младите е од суштинска важност за успешните младински политики. Фокусот на нашите активности е да се обединат младите ангажирани чинители врз база на еднакво учество, истовремено јакнејќи ги платформите за покренување на младинските прашања како интегрален дел на сите области на македонското општество.
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија