12.10.2020

Јавен повик за ангажирање на 3 (три) експерти од областа на безбедност и здравје при работа (БЗР), за подготовка на нацрт текст на Закон за без

Фондација Фридрих Еберт – канцеларија во Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во процесот на ревидирање на законската рамка во областа на безбедност и здравје при работа, обезбедува експертска поддршка за подготовка на нацрт текст на Закон за безбедност и здравје при работа. За таа цел, Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија во Скопје објавува:

Јавен повик

за ангажирање на 3 (три) експерти од областа на безбедност и здравје при работа (БЗР), за подготовка на нацрт текст на Закон за безбедност и здравје при работа.

 

1. Опис на работните задачи

 Експертите за оваа задача ќе треба да:

- Прегледаат, направат проценка, систематизирање и заеднички да дискутираат за сите примени коментари, сугестии, предлози и идеи од различни засегнати страни за БЗР, произлезени од процесот на претходните консултации;

- Прегледаат и земат во предвид наодите и препораките дадени во рамките на експертската проценка за нивото на усогласеност на Законот за безбедност и здравје при работа, со меѓународните стандарди во оваа област;

- Да ​​анализираат и детално да ја разгледаат Рамковната директива на ЕУ од областа на БЗР, односно Директивата на Советот од 12 јуни 1989 година за воведување мерки за поттикнување на подобрувања во безбедноста и здравјето на работниците при работа (89/391 / ЕЕЗ), како и релевантни конвенции на МОТ во оваа област;

- Врз основа на горенаведеното, како и нивната експертиза / искуство, да го подготват нацрт текстот  за Законот за безбедност и здравје при работа, со цел да се подобри неговото спроведување, а во исто време да се обезбеди целосна усогласеност на законот со Директивата 89/391 / ЕЕЗ;

- При изготвувањето на нацрт текстот на законот, да обезбедат опции за одредени одредби и/или делови од законот, каде што постојат очигледни разлики во мислењата и предлозите од различни засегнати страни за начинот на кој треба да се регулираат одредени прашања, што ќе бидат основа за понатамошни дискусии во процесот на консултации;

- Да фасилитираат 2 (два) последователни консултативни настани со засегнатите страни во областа, за понатамошни консултации и дискусии за предложениот нацрт текст на законот.

За време на нивната работа, експертите ќе комуницираат со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) / Сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување, кои ќе го координираат процесот.

МТСП ќе им ги достави на експертите сите потребни документи / проценки / извештаи / белешки релевантни за овој процес.

Нацрт текстот на Законот за безбедност и здравје при работа се очекува експертите да го достават до Министерството за труд и социјална политика најдоцна во рок од 30 календарски дена по потпишувањето на договорот. 

 

2. Потребни квалификации

- Универзитетска диплома од областа на правото или техничките науки;

- Минимум 10 (десет) години релевантно искуство во областа на безбедност и здравје при работа;

- Одлично познавање и разбирање на законодавната рамка од областа на безбедност и здравје при работа во Република Северна Македонија;

- Солидно познавање на меѓународното законодавство (МОТ) и Европската унија, барањата и трендовите во БЗР, особено Рамковната директива на ЕУ за БЗР;

- Солидно познавање на законодавната рамка за БЗР во други земји, вклучително и во некои од земјите во регионот на Западен Балкан;

- Претходно да има учествувано во оценки, дискусии или анализи за имплементација на тековниот Закон за БЗР во Република Северна Македонија (пречки / предизвици / потреби за подобрувања и сл.);

- Способност и подготвеност за тимска работа.

 

3. Начин на пријавување

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните квалификации, треба да испратат ЦВ и писмо за интерес (каде ќе се образложат бараните квалификации) на македонски јазик на следната е-маил адреса: valon.sadiki@fes-skopje.org, најдоцна до 16.10.2020 (петок).

За прашања во врска со Јавниот повик, ве молиме обратете се преку е-маил адресата: valon.sadiki@fes-skopje.org.  

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org