21.04.2021

ЈАВЕН ПОВИК

Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република С. Македонија го поддржува процесот на хармонизација на македонското законодавството со правото на ЕУ од областа на животната средина. За таа цел, Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 2 (двајца/две) експерти/ки од областа на законодавството и техничките барања за животна средина за изработка на подзаконски актии методологии во согласност со позитивните практики од ЕУ, а кои произлегуваат од два закони и тоа: 

1)      за ангажирање на еден правен експерт, односно експертка од областа на управувањето со отпад и управувањето со водитево рамки на законодавството за животна средина за изработка наседум (предлог) подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Сл. весник на РСМ (140/10...39/16) согласно начелото „проширена одговорност на производителот“, и изработка на предлог медотологија  за пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води од Законот за водите (Сл. Весникна Р.Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 154/15 и 52/16).

2)      и еден техничко - технолошки експерт, односно односно експертка од областа на управувањето со отпад и управувањето со водите во рамки на техничките барања на законодавството за животна средина за изработка на седум (предлог) подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Сл. весник на РСМ (140/10...39/16) согласно начелото „проширена одговорност на производителот“, и за изработка на предлог медотологија  за пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води од Законот за водите (Сл. Весникна Р.Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 154/15 и 52/16).

Притоа, експертите ќе имаат редовна комуникација и координација со Фондацијата „Фридрих Еберт“, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање од соодветните ресори, како и со експерти од земји членки на ЕУ (пр. Германија, Хрватска и др.) кои располагаат со позитивни примери на изработка и имплементација на подзаконски акти дадени во продолжение.

Подзаконски акти кои треба да се изработат од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори:

1)      Правилник за начинот на означување на батериите и акумулаторите и на батериските пакувања, формата и содржината на симболот за одделно собирање, формата и содржината на хемискиот симбол за метали, како и начинот за утврдување на капацитетот на преносните и автомобилските батерии и акумулатори (врз основа на член 13 став (4));

2)      Правилник за начинот на следење и пресметка на реализацијата на стапките за собирање на отпадни батерии и акумулатори, формата и содржината на образецот за следење и пресметка како и методологијата за пресметка на годишните количини продадени батерии и акумулатори (врз основа на член 18 став (9);

3)      Правилник за посебните правила во однос на пресметување на ефикасноста на рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори (врз основа на член 19 став (6));

4)      Правилник за формата и содржината на образецот за водење евиденција од страна на трговците за количините на преземени отпадни батерии и акумулатори (врз основа на член 27 став (5));

5)      Правилник за формата и содржината на образецот за квартална пресметка на надоместокот и образецот за поврат на надоместокот, како и начинот, постапката и потребната документација за враќање на уплатениот надоместокот (врз основа на член 35 став (16)); 

6)      Правилник за начинот на водење, одржување и чување на евиденцијата за пресметаниот и уплатен надоместок , како и формата и содржината на образецот за пресметка за уплатениот надоместок (врз основа на член 36 став (5)), и

7)      Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог (врз основа на член 54 став (21)).

Во рамки на управувањето со отпад кое се уредува со Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Сл. весник на РСМ (140/10...39/16), Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори го уредува управувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори во Република Северна Македонија, врз основа на начелото „проширена одговорност на производителот“, и истиот е усогласен со релевантното законодавството на ЕУ во оваа област. 

Во насока на применување на начелото „проширена одговорност на производителот“, во законот е воспоставена еколошка одговорност на производителите на батерии и акумулатори. Имено, производителите на батерии и акумулатори (вклучувајќи и увозниците) меѓудругото, се одговорни за:

-          собирање на отпадните батерии и акумулатори кои се создаваат од пуштањето на пазар на нивните производи,

-          намалување на количините на отпадни батерии и акумулатори,

-          потикнување на економски активности за искористување на корисните компоненти од овој вид на отпад со негово рециклирање или други форми на преработка, и обезбедување на  висок степен на заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Спроведувањето на законот покажа одредени слабости и неможност да се постигнат основните цели на законот, како и реализирање на националните цели за собирање на отпадни батерии и акумулатори. Оваа состојба наметна потреба за подетално уредување на работењето на колективните и самостојните системи за постапување со отпадни батерии и акумулатори и воспоставување на дополнителни механизми за потикнување на производителите да пристапат во колективни или индивидуални системи, се со цел да се избегне можноста за обиколување на законските обврски и нарушување на конкуренцијата и пазарот

За таа цел се подготвува нов предлог Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и за спроведување на предлог законот, и согласно предложените одредби потребно е да се донесат горенаведените подзаконски акти.

Подзаконски акти кои треба да се изработат од Законот за водите:

1)      Методологија за пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води.

Правен основ за донесување на овој подзаконски акт е согласно чл. 214 став 5 од Законот за водите (Сл.весник на Р.Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 154/15 и 52/16), каде Владата на Република С.Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина го утврдува начинот на пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води. Исто така, при определувањето на висината на надоместокот давателот на дозволата особено ќе ги има предвид:

-          процената на штетноста на супстанциите изразена преку единици на загадување;

-          дали плаќањето се врши врз основа на количеството на испуштена отпадна вода или испуштени или фрлени отпадни материи и супстанции или врз основа на паушал

Целта е да се придонесе кон воспоставување на долгорочна политика за заштита на водните ресурси, унапредување на заштитата од штетните испуштања и редукција на загадувањето на подземните води, ублажување на последиците од штетното дејство на водите и недостигот на вода, како и исполнување на обврските од Законот за водите.

Специфични цели:

-          Да се воспостави ситем на заштита на површинските и подземните води во Р. С. Македонија преку соодветна примена на начелото: загадувачот плаќа ;

-          Да се подигне свеста на јавноста, граѓанското општество и сите заинтересирани страни за успешна имплементација на Законот за води низ принципите на одрливост и заштита на животната средина;

Изработката на Методологија за пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води е и согласно забелешките и препораките на Ревизорските извештаии за успешност на спроведување на Законот за води. Исто така, изработката на Методологија за пресметување на единицата на штетност е согласно со, Законот за утврдување на цени на воднитe услуги (Службен весник на РМ бр.7/2016) и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот.

Услови за пријавување на јавниот повик:

1.       Опис на работните задачи на експертите:

-          Утврдување и реална проценка моменталната состојба во наведените области врз основа на подготвените информации и извештаи од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република С. Македонија, како и со помош на консултации со претставници на соодветните сектори, и други релевантни субјекти во државата.

-          Изработка на предлог текст на подзаконските акти: седум Правилници (од областа управување со отпад), односно една (или повеќе) предлог Методологија (од областа води).

-          Редовна комуникација и координација со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република С. Македонија (Сектор управување со отпад и Сектор води), странски експерти кои ќе бидат на располагање за консултации во текот на изработката на предлог документите, а по потреба и со канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

-          Преглед и земање предвид на позитивните практики и документи од земји членки на ЕУ кои веќе располагаат со наведените подзаконски акти, како во областа на управувањето со отпад, така и во областа води.

-          Презентација на предлог документите пред релевантните линители: МЖСПП, ФЕС, ЕЛС, ЈКП, РКЕ, како и сите останати чинители кои имаат активности кои се поврзани со управувањето со отпадот, односно со водите, вклучувајчи го и граѓанскиот сектор во втората половина од годината (датумот ќе се утврди согласно динамиката на работа).

-          Интегрирање на сугестиите и предлозите во насока на унапредување на квалитетот и применливоста на предлог документите, и доставување на финалната верзија 2 недели по презентацијата, а не подоцна од 30.10.2021.

 

2.       Потребни квалификации:

А) Правенексперт/ка

-          Завршен втор циклус на студии од областа  на правото, односно прв циклус на студии во областа на правото  и најмалку пет години искуство директно поврзано со правото во областа на управувањето со отпад или минимум пет години работно искуство во изработка на предлог методологии од областа на управување со отпадот, односно заштита на водите.

-          Минимум 7 (седум) години релевантно искуство во областа на правото и животната средина.

-          Претходно искуство во изработка на подзаконски акти, правилници и/или методологии ќе се смета за предност (да се достави примерок или контакт за препорака).

-          Одлично познавање и разбирање на состојбите, слабостите, потребите, предизвиците и приоритетите во Република Северна Македонија во областа на законодавството за животната средина.

-          Солидно познавање на законодавството на ЕУ во областа на животната средина (сектор управување со отпад и сектор води).

-          Способност и подготвеност за тимска работа и координација на учеството на повеќе различни засегнати страни.

Б) Техничко - технолошки експерт/ка

-          Завршен втор циклус на студии од областа  на техничко -технолошки работи, односно прв циклус на студии во областа на техничко -технолошки работи  и најмалку пет години искуство директно поврзано со техничките барања во областа на управувањето со отпад и води или минимум пет години работно искуство во изработка на предлог методологии од областа на управување со отпадот, односно управувањето со водите.

-          Минимум 7 (седум) години релевантно искуство во теничко-технолошките барања од областа на  животната средина.

-          Претходно искуство во изработка на техничките барања во подзаконски акти, правилници и/или методологии ќе се смета за предност (да се достави примерок или контакт за препорака).

-          Одлично познавање и разбирање на состојбите, слабостите, потребите, предизвиците и приоритетите во Република Северна Македонија во областа на  животната средина.

-          Солидно познавање на техничките барања на законодавството на ЕУ во областа на животната средина (сектор управување со отпад и сектор води).

-          Способност и подготвеност за тимска работа и координација на учеството на повеќе различни засегнати страни.

 

3. Начин на пријавување:

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните квалификации, треба да испратат Кратка биографија (најмногу 3 страни), Писмо за интерес (најмногу 1 страна), во кое ќе бидат обрзложени бараните квалификации, или потврдени со портфолио на активнсти согласно искуството на кандидатите, и Финансиска понуда. Апликацијата која треба да биде на македонски јазик, треба да се достави на следната е-маил адреса: ivana.vuchkova(at)fes-skopje.orgнајдоцна до 07.05.2021 (петок).

По навремено пристигнување на апликациите, истите ќе бидат разгледани од страна на стручна комисија, при што кандидатите ќе бидат известени во рок од 10 работни дена. 

За прашања во врска со Јавниот повик, а кои не се наведени, ве молиме обратете се писмено на дадената е-маил адреса. 

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org