Академија за јавни политики- Четврт модул

„Ми беше задоволство да сум еден од тренерите на првата Академија за јавни политики на ФЕС и СИГА. Младите учесници и учеснички се навистина квалитетни и работевме на различни проблеми со кои се среќаваме во комуникацијата. Се надевам дека по завршување на оваа програма својата идеја ќе ја преточат во креирање на јавни политики и подобрување на заедницата во која живеат“, рече Џајиќ.
Новинарот Назим Рашиди низ теоретски, а потоа и практичен дел ги едуцираше учесниците за важноста од интервјуто како ПР алатка. Тој потенцираше дека новинарството и новинарите се основата на демократското општество и секогаш треба да бидат на страната на јавниот интерес и граѓаните.
ПР експертот и основач на Пи Ворлд Коста Петров изјави дека за креирање на успешни јавни политики комуникацијата и комуникациската стратегија се клучни. Петров информираше дека овие два дена со младите учесници ентузијасти учеле кои се можностите и предизвиците што се нудат денеска на полето на комуникации и изрази верување дека токму младите ќе ја донесат позитивната промена во општеството.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија