10.09.2023

Академија за јавни политики - Трет модул

Викендов се одржа третиот тематски модул „Како да обезбедам финансии за мојата идеја” од Академијата за креирање јавни политики „Од идеја до реализација” во организација на ФЕС, а во соработка со СИГА.

Главен говорник на овој модул беше Мариан Раду, пратеник и потпретседател на ПЕС - владејачката партија во Молдавија којшто говореше за искуството на Маиа Санду и ПАС во Молдавија како интегритетот ги победи црните пари во политиката.

Раду, потенцираше дека победа и владеење со интегритет е можно, а највредната работа за секој еден политичар е интегритетот и токму затоа потребно е да се чува и да се имплементираат политики коишто се исклучиво во интерес на граѓаните.

„Лидер е тој што креира лидери. Добар лидер е тој што ги поттикнува и мотивира своите вработени, којшто во прв план ги става потребите на граѓаните и одговорно и транспарентно работи. Интегритетот е темелот на доброто управување и една од основните главни вредности во секоја професија, особено во имплементирање на јавните политики и унапредување на општеството”, истакна Раду.

Учество на Академијата зедоа и директорката на СИГА Мила Царовска, проектната координаторка во ФЕС Нита Старова, обучувачите Снежана Костовска и Зоран Стојковски коишто зборуваа за концептот на обезбедување средства за проектни бизнис идеи од грантови и социјални инвестиции, како се дефинираат проектните методологии, бизнис алатки и потребните вештини.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org