05.12.2018

Алтернативни демократски практики: Премостување на движењата и институциите

Од 5-ти до 7-ми декември се одржа скопското "издание" на "Think Engaged: SEE Academia Dialogue Series", насловено како "Алтернативни демократски практики: Премостување на движењата и институциите".

Експертите од регионот и земјите од Европската унија разговараа за прашања како што се растечкиот недостаток на интерес на граѓаните од европските општества за учество во политичкиот живот преку традиционалните инструменти на репрезентативната демократија, што во крајна линија предизвикува загриженост на Европската Унија и нејзините членки за унапредување и поттикнување на активното граѓанство. Во исто време, во постсоцијалистичките и постконфликтните општества на Југоисточна Европа (ЈИЕ), недостатокот на демократска традиција, отсуството на ефикасни механизми за учество на граѓаните и бесконечното „продолжено“ пристапување кон ЕУ јасно поставуваат дополнителни предизвици за секој обид за значајно вклучување на граѓаните.

Беа дискутирани иницијативите против растечките авторитарни тенденции, особено примерите за мобилизација на граѓаните од "Шарената револуција" во Македонија, пленумите во Босна и Херцеговина (БиХ), како и широкиот спектар на граѓански иницијативи на локално ниво во сите земји во регионот.

Иако различните алтернативни демократски практики (демократски иновации промовирани во земјите на ЕУ и мобилизирање на граѓаните од земјите од ЈИЕ) имаат за цел да ја заживеат демократијата преку промовирање на пошироко вклучување на грижите и мислењата на граѓаните во политичкиот процес, сепак постои недостаток на знаење за нивната интеракција и можно поврзување - со што се создава потреба за креирање на повеќе формални платформи за таква соработка. Заедничкиот потенцијал за демократизација на политичките процеси во Југоисточна Европа беше разгледан преку соединување на теориски предлози и политичка практика - вклучително и јавна дискусија на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (панелист/к/и беа: Газела Пудар Драшко, Флоријан Бибер и Ведран Џихиќ а модератор беше Ненад Марковиќ). Само со заедничкото вклучување на високообразовните институции, организациите од граѓанското општество и истражувачките институции потенцијалите на алтернативни демократски практики можат да постанат реалност врз основа на праксата на социјалните движења за демократизација на општествата на ЈИЕ.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org