09.01.2025

„Art of Sustainability“ со Никола Узуновски

Во галеријата „Сули Ан“ се одржа одлична тридневна работилница „Art of Sustainability“ со реномираниот уметник Никола Узуновски.

Млади уметници на возраст од 16 до 30 години учествуваа на креативната работилница, каде што истражуваа како уметноста може да биде двигател на позитивни општествени промени. Преку современи еколошки уметнички практики, учесниците го проширија своето знаење за обновливи и еколошки материјали и ресурси.

Работилницата овозможи простор за развој на креативниот потенцијал на младите, истовремено нагласувајќи ја важноста на одржливоста и заштитата на животната средина.

Уметноста има моќ да ја подигне свеста за еколошките прашања и да поттикне иновации и нови начини на размислување за живот и творештво во хармонија со природата.

Изразуваме благодарност до сите млади учесници и до Никола Узуновски за инспирацијата и посветеноста. Ова е само почеток на патот кон одржливи и иновативни уметнички практики.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de