14.05.2025

ФЕСтивал ФЕМинизам - Еден свет, една борба | 19-21 септември, Скопје

Фондацијата Фридрих Еберт (FES) ги повикува феминистичките организации, уметниците, културните работници, музичарите, театарските практичари и прогресивните политички актери да аплицираат за учество на ФЕСтивалот „Еден свет, една борба“ –регионална платформа што ги спојува уметноста и активизмот за промовирање на родова еднаквост и зајакнување на маргинализираните гласови.

ФЕСтивалот ќе се одржи во Скопје од 19 до 21 септември.

 

 Што е ФЕСтивал?

ФЕСтивал е настан на феминистички уметнички и културни иницијативи со цел подигнување на свеста за родовите прашања, поттикнување на дијалог и поддршка на интерсекциски феминистички перспективи во Западен Балкан. Преку изведби, изложби, дискусии и креативни интервенции, ФЕСтивал ќе понуди простор за слобода, солидарност, отпор и инспирација.

 

 Кој може да аплицира? 

Добредојдени се пријави од:

  • Организации и здруженија од граѓанското општество
  • Уметници, музичари, изведувачи и театарски практичари кои се занимаваат со родови прашања
  • Писатели, филмски режисери и визуелни уметници кои обработуваат теми на солидарност, слобода и родова еднаквост
  • Прогресивни политички групи кои се залагаат за родова еднаквост
  • Интерсекционални иницијативи кои ги засилуваат гласовите на маргинализираните заедници

 

 Критериуми за учество: 

  • Уметничко изразување што испраќа порака за солидарноста како вредност, но и како суштински елемент во борбата за родова еднаквост и улогата на жените во антифашистичкиот отпор во минатото и денес.
  • Прифатени форми на уметничко изразување:
    • Театарска изведба (максимум 20 минути)
    • Музичка изведба (бенд или хор)
    • Видео материјал (максимум 15 минути)
    • Перформанс
    • Или која било друга уметничка форма која ги исполнува критериумите за учество
  • Тим од најмногу 8 изведувачи (на возраст од 18 до 29 години)

 

 Како да аплицирате? 

Заинтересираните учесници треба да испратат краток концепт (максимум 2 страници) кој ги содржи следните информации:

  1. Наслов на изведбата
  2. Опис – тема и форма на уметнички израз (уметнички перформанс, изложба, танц, музика, театар итн.)
  3. Тим и учесници – информации за тимот
  4. Потреби за реализација – ресурси, простор или техничка поддршка потребни за изведбата
  5. Очекувано влијание – пораката која ќе се испрати и прашањата кои треба да ги отвори или одговори изведбата

 

 Краен рок и поднесување 

Краен рок за аплицирање: 15 јуни
Испратете го вашиот концептен документ на: nita.starova@fes.de

Доколку имате прашања, слободно контактирајте нè!
Придружете ни се заедно да испратиме видливи, креативни и моќни пораки на ФЕСтивалот!

 

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de