25.07.2019

Климатските промени во фокусот на втората средба на работната група за животна средина

На 25ти Јуни во ИНОФЕИТ – Центарот за трансфер на технологии и информации при Факултетот за електротехнички и информациски технологии се одржа и втората средба на работната група за животна средина, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

Додека првата работна средба беше на тема ЕУ директивите за квалитет на воздух, втората тематски беше насочена кон климатските промени и потребата од амбициозни климатски политики. Целта на работната група е да одржува редовни средби помеѓу претставници на институциите на централно и локално ниво, граѓанските организации, синдикати, академски претставници и претставници на меѓународни организации кои во својата работа се фокусираат на теми од областа на животната средина, за да овозможи платформа за добра комуникација и соработка меѓу истите.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org