25.07.2019

Конгрес за мобилност во Берлин

Од 5ти до 7ми Мај во Берлин се одржа првиот Конгрес за мобилност во организација на Фондацијата “Фридрих Еберт”, на кој учество зема и Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Јани Макрадули.

Во рамки на своето излагање на тој истакна дека поддршката од Германија е од особено значење во справувањето со предизвиците на нашата земја, а само заеднички можеме да се бориме за чиста животна средина, бидејќи загадувањето нема граници. Покрај тоа, беше остварена и средба со министерката за животна средина на Германија, Свења Шулце, како и со пратеничката и поранешна министерка за животна средина на Германија, Барбара Хендрикс. Значајни предизвици, позитивни искуства, но и конкретно чекори за билатерална соработка во блиска иднина помеѓу двете министерства и парламентарните претставници, беа разговарани. Експертот за климатски и енергетска политика од НВО Germanwatch, Мартин Шон, сподели значајни видувања за предизвиците на С.Македонија во однос на заштита на животната средина и потенцира потреба од акција и позитивни примери на локално ниво. Остварена беше и еднодневна посета на Фелдхајм - еден од најуспешните и светски познати примери за енергетски самоодржливо село.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org