25.04.2023

Конструктивна политика

Јакнење на демократијата и создавање конструктивни политики од интерес на граѓаните низ дијалог со клучни чинители во државата е темата на првиот настан на иницијативата Конструктивна политика кој се одржа на 25.04.2023 година во Скопје во организација на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА, Friends of Europe и фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер.

Проект координаторката на Фондација Фридрих Еберт - Скопје Нита Старова истакна дека предноста на демократското уредување е политичкиот плурализам.

„Предноста на демократското уредување на едно општество е политичкиот плурализам кој овозможува претставување и изразување на различните политички и идеолошки групи, но истовремено демократијата подразбира и негување на култура на дијалог и дебата на различните идеолошки позиции и гледишта, особено кога се работи за теми кои се од суштинско значење и ги засегаат сите граѓани во општеството, како што е случајот со темата која ја дискутираме денес – градење на ефикасен модел за финансирање на јавното здравство. Заедно со Фондацијата Кондрад Аденауер одлучивме да ја подржиме иницијативата на СИГА за спроведување на моделот за конструктивна политика, затоа што веруваме дека само преку дијалог и конструктивна дебата може да се врати довербата кај граѓаните во политичките процеси“, рече Старова.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org