24.10.2019

Меѓународна младинска конференција

Во периодот од 26-ти до 30-ти септември, Фондацијата Фридрих Еберт ја поддржа Меѓународната младинска конференција во Крушево.

50 млади учесници од 14 држави се сретнаа во Крушево, за да присуствуваат на панел дискусијата и работилниците во рамки на програмата, адресирајќи ги заедничките предизвици со кои се соочуваат во нивното секојдневие, како и нивните перспективи за индината.

Теми на овогодинешната конференција беа: “Да останам или да си одам”, “Иднината на работењето”, “Младина на денешницата” и “Климатски итни случаи”.

Панелисти од политиката, невладиниот сектор и со академска позадина, ги споделија своите искуства како и своите предлози за активности, во однос на состојбата во регионот на Југоисточна Европа, поради која младите се притиснати да заминат, недостатокот на мотивација за претприемништво во услови на несигурни услови за работа, недостатокот на слобода на медиумите, квалитетни избори и демократски услови, како и ризиците и можностите кои произлегуваат од дигиталната ера во однос на пазарот на трудот.

За времетраење на работилниците  што следеа, учесниците во своите дискусии предлагаа политики за превземање на мерки, со цел создавање услови за напредок на овие полиња, кои беа презентирани на носителите на одлуки во Собранието на Република Северна Македонија. Предлозите се однесуваа на справување со корупцијата, говорот на омраза, поттикнување на солидарноста и мерки за решавање на проблемот со загадување на воздухот.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org