08.06.2018

Поголема македонско-германска соработка на сите нивоа

Метин Хакверди, член на германскиот парламент (Бундестаг), ја посети Македонија од први до трети јуни. ФЕС ја искористи оваа можност за консултативни состаноци со локалните и централните институции, како и со претставниците од деловните здруженија. Пратеникот Хакверди е експерт за финансиско право и е член на неколку комисии во Бундестагот, комисијата за финансии, комисијата за буџетирање и комисијата за Европската унија. Преку својата изборна единица во градот Хамбург, тој знае многу луѓе од македонската дијаспора и редовно го посетува регионот.

Метин Хакверди, член на германскиот парламент (Бундестаг), ја посети Македонија од први до трети јуни. ФЕС ја искористи оваа можност за консултативни состаноци со локалните и централните институции, како и со претставниците од деловните здруженија. Пратеникот Хакверди е експерт за финансиско право и е член на неколку комисии во Бундестагот, комисијата за финансии, комисијата за буџетирање и комисијата за Европската унија. Преку својата изборна единица во градот Хамбург, тој знае многу луѓе од македонската дијаспора и редовно го посетува регионот.

На средбата со македонскиот министер за финансии, Драган Тевдовски, се отворија  неколку клучни теми, вклучувајќи го прогресивното оданочување и придобивките од прогресивно оданочување во земја како што е Германија, и се споделија корисни пристапи за најдобри практики. Исто така беа разгледани и позитивните напори на македонската Влада да им помогне на странските и на домашните инвеститори во нивните инвестиции во македонската економија и пазарот на трудот.

Сите реформи што ги презема македонската Влада ќе бидат бесполезни ако нема заложба за владеење на правото - важна идеја што беше нагласена на средбата меѓу членот на германскиот парламент, Метин Хакверди и македонскиот премиер Зоран Заев. Постои силно верување дека местото на Македонија е во рамките на Европската унија.

Разговорите со Комисијата за финансии и буџет на македонскиот парламент укажаа на можни заеднички иницијативи помеѓу соодветните комисии во Германија и Македонија. Во иднина може да се организираат повторни посети од страна на комисиите меѓу двете земји со цел да се продлабочи соработката.

На бизнис приемот организиран од канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, Министерството за финансии и градот Скопје имаше претставници од клучните финансиски државни институции, општините, како и здруженијата на бизниси (и од Македонија и од Германија), и се покажа дека економската соработка меѓу Македонија и Германија е врвен приоритет за новата македонска Влада. Дискусиите на настанот за мрежно поврзување на високо ниво беа искористени за отворање на нови можности за соработка на сите нивоа, како на пример и можноста за градење на подлабока соработка помеѓу германските и македонските градови.

Европската унија останува високо на агендата на приоритети на Македонија, како за владата, така и за граѓанското општество. Истото може да се каже и за поддршката што Македонија ја добива од официјалните германски институции, вклучувајќи го и Бундестагот. Се одржа дискусија со претставници од бројни граѓански организации кои се занимаваат со младински прашања, како и со Агенцијата за млади и спорт, проследена од пратеникот Метин Хакверди.

Силната дијаспора и домашната поддршка за нивните напори да "дадат придонес" за Македонија со нивната експертиза и ресурси се неопходни за градење на посилни врски во рамките на Европската Унија. Во родниот град на пратеникот Метин Хакверди, во Хамбург, Германија има голема македонска дијаспора од сите етнички групи, и разговорот со македонскиот министер за дијаспора, Едмонд Адеми, се осврна на можностите за ангажирање на дијаспората на заеднички форуми каде што може да се дискутира за можностите за соработка.

Првата жена градоначалничка на Арачиново е исто така и првиот локален функционер на етничките Албанци, избрана директно од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) како политичка партија која разви програма за вистинска социјална кохезија во македонското општество. Во разговорот со градоначалничката Миликие Халими се дискутираше за локалниот развој, соживот и развивањето на нови програми за градење  на "едно општество за сите". 

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org