02.06.2021

ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ И ПАНЕЛ ДИСКУСИИ

Фондацијата Фридрих Еберт во партнерство со МакеДокс, на 28 и 29 Мај организираа две прокеции на документарни филмови проследени со дискусии, кои ја разработуваа проблематиката на работничките права и нивното кршењње и злоупотреба.

Целта на овие два настани беше да се даде на значење на еден проблем во нашето општество кој е ставен на маргините, и него го чуствуваат само тие кои се директно ззасегнати – а тоа се работниците и работничките кои ги извршуваат едни од потешките работи а сепак, тие самите или самото извршување на тие работи е невидлива во општеството, но многу важна за сите нас.

Фондацијата Фридрих Еберт, во своето работење се залага за Социјална демократија, а тоа значи промовирање на трите вредности – Еднаквост, Праведност и Солидарност.  Па затоа, и овие проекции проследени со дебати, имаа за цел да бидат поттик за да се подигне свеста за невидливите рабоници”  и да се развие чуството на солидарност со нив.

На 28 Мај се оддржа првата проекција пред учениците од гимназијата Орце Николов во Скопје каде присутните имаа можност да го гледаат документарецот на Билјана Гарванлиева Шивачки каде се прикажува животот и работата на 3 шивачки од Штип,а потоа да дискутираат со поканетите панелисти.

Додека на 29 Мај во Парк Форум, се оддржа проекцијата на чешкиот документарен филм Граници на работењето, во кој се прикажува како новинарката Саша Ухлова поминува шест месеци во истражување на работните услови на најлошо платените работни места во Чешка. Неколку недели работи во болничка бања, во фабрика за живина, зад каса во маркет и во објект за сортирање отпад.

Нејзиното искуство поставува основа за многу лична серија написи за луѓе кои работат невидливи работни места под шокантни услови, прво објавени на веб-страницата A2larm.cz. Режисерката Аполена Рихликова овие написи ги претвора во документарен филм кој се состои од сцени снимени во домот на Ухлова и од видео-снимки направени на нејзините работни места, придружени со коментари на овие различни простори кои ги чита Ухлова.

По прикажување на документарецот, следеше дискусија со панелисти од полето на заштита на работничките права и синдикалното здружување.  

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org