26.10.2020

ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА И ДЕБАТА ЗА “ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ”

Фондацијата Фридрих Еберт Скопје во партнерство со здружението на граѓани “Гласен Текстилец” од Штип реализираше Анализа на тема “Влијанието на Ковид-19 врз ниско платените и трудоинтензивни гранки”.

Фокусот на оваа Анализа беше да се истражи влијанието на пандемијата од Ковид-19 и владините мерки донесени во тој период, врз работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Анализата беше презентирана во рамки на овогодинешната “Текстилијада”  која ја организираше здружението на граѓани “Гласен текстилец” во Штип, во периодот од 15 – 17 октомври.  Како дел од презенирање на Анализата, се оддржа и дебата во однос на наодите од Анализата, со панелистите проф. Д-р. Никола Поповски, Кристина Ампева и Донче Стаменков.

Почитувањето и заштитата на работничките права е една од вредностите за кои Фондацијата Фридрих Еберт Скопје се залага во нејзината работа, и ќе продолжи во иднина да работи на полето на промоција и подигање на свеста во општеството за нивно потполно уживање од страна на работниците. 

Анализата може да се најде на овој линк.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Букурешка 123Б, 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de