26.04.2022

Симулација на седница на Совет за безбедност

Студенти од Меѓународни и интеркултурни студии при Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, денеска одржаа симулација на седница на Совет за безбедност, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование во сорабтка со партнерската фондација „Фридрих Еберт“.На симулацијата учествуваа 10 студенти и секој од нив беше во улога на член на Советот за безбедност.

Темата на дискусија беше „Актуелната безбедносна состојба во земјата и во евроатлантскиот регион“.

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше во симулацијата и ја водеше како редовна седница на Советот за безбедност. Тој ги запозна учесниците на симулацијата со улогата и работата на Советот за безбедност, како советодавно тело коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната и дава предлози на Собранието и на Владата.

Целта на симулацијата е вклучување на младите кадри и нивно доближување до работата и функционирањето на државните институции и органи. Симулацијата на Советот за безбедност е редовна активност од Годишната програма за работа на Претседателскиот центар за политичко образование за 2022 година.

На следниот линк можете да ги погледнете инсертите од симулацијата: https://www.youtube.com/watch?v=LTF0xvtBsoU&t=170s

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org