31.03.2023

СИНДИКАЛНА АКАДЕМИЈА НА СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СГИП И СРСВМ

Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје како голем пријател на ССМ и синдикатите здружени во ССМ, поддржа организирање на Синдикална академија за правни застапници, синдикалните претставници и раководства од синдикатите СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СГИП И СРСВМ на која се разговараше за состојбите и предизвиците во синдикалното здружување и организирање и колективно договарање во Македонија.

Синдикалната академија ја отворија Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски заедно со Валон Садики од ФЕС - Скопје, а Проф. д-р Александар Ристовски од Правен факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје се погрижи учесниците да се стекнат со потребните знаења за синдикално здружување и организирање, колективно договарање и право на штрајк.

Силни синдикати, подобрени работнички услови!

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org