02.03.2020

Спроведување на Преспанскиот договор

Фридрих-Еберт-Стифтунг - Скопје во соработка со Евротинк и со поддршка од Канадската амбасада организираше панел-дискусија, на која се презентираше документот за политики и видео материјал креиран со цел да ги следи и дискутира досегашните чекори за спроведување и предизвиците на Преспанскиот договор.

Материјалот е создаден во соработка помеѓу грчки и македонски аналитичари и новинари, разгледувајќи ги различните аспекти на договорот. Дискусијата за време на настанот ја истакна политичката димензија на спроведувањето и повеќе или помалку видливите чекори што се направени досега, како и предизвици за понатамошно спроведување кои престојат.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org