18.03.2019

Во рамки на проектот Контакти за заедничка иднина (Contacts for common future) на 14-15 март 2019 во посета на Скопје престојуваше група на професори и студе

Студиската посета беше организирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, Младински сојуз Крушево и УНЕСКО Клубот од Солун.

Во рамки на посетата професорите и студентите имаа средба со заменикот министер за образование Петар Атанасов и имаа можност да ги запознаат своите колеги од Филозофскиот Факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. На средбата стануваше збор за можностите за соработка, поврзување и размена на кадар и искуства во областа на сродните студиски програми.

За време на посетата на Филозофскиот факултет, професорот Теодосиос Карвунаракис одржа предавање на тема IMAGES OF OUR COMMON HISTORY: EUROPE 1648-2018.

Во текот на април во рамки на проектот ќе биде организирана студиска посета на Универзитетот во Солун.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org