Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор

По дефиниција, политички дијалог се смета дека е „размена на гледишта, што претпоставува присуство на барем два ентитета” – понекогаш тие ентитети се политички партии, понекогаш организации на граѓанското општество, понекогаш се синдикати, и идеално може да бидат комбинација од сите три.

Соработката помеѓу различните видови на ентитети и материјализирањето и користењето на нивните заеднички концепти и стратегии често го дава својот краен резултат во форма на Социјална кохезија – процес кој е целосно поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија и во сите нејзини канцеларии насекаде во светот.

Политичкиот дијалог и активностите со граѓанскиот сектор се основните столбови кои доведуваат до функционална демократија и се процеси кои треба постојано да се негуваат и одржуваат во секое општество.

Најнови вести и настани

25.04.2023 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | News

Јакнење на демократијата и создавање конструктивни политики од интерес на граѓаните низ дијалог со клучни чинители во државата е темата на првиот…


повеќе

05.12.2018 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | Настани

Од 5-ти до 7-ми декември се одржа скопското "издание" на "Think Engaged: SEE Academia Dialogue Series", насловено како "Алтернативни демократски…


повеќе

02.10.2018 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | Настани

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, на 23-ти август 2018-та година потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија.


повеќе

FES Interactive

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org