Канцеларијата на ФЕС во Скопје редовно нуди позиции за практиканти. Тие се замислени како можност за студентите од Северна Македонија и Германија да работат во полето на политички науки, право, економија, социологија, но и за другите кои се заинтересирани за полето на социјалните демократски вредности.
Важен предуслов за практикантите е одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на германски или албански јазик не е задолжително но сепак се смета за предност.
Најчесто, практикантската работа трае 8 - 12 недело. Во одредени случаи времетраењето може да биде различно.
Работните задачи не се строго утврдени, и се утврдуваат согласно тековните потреби и задачи во канцеларијата. Најчесто задачите на практикантите се во следниве области:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните информации на англиски или германски јазик на е-маил адресата contact(at)fes-skopje.org
Во периодот јули-август не можеме да понудиме практикантство.
Доколку сте заинтересирани да работите како практикант во една од канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт во Германија, ве молиме да ги погледнете Секторите и директно да контактирате со оној кој ве интересира.
Посетете ги веб страниците на ФЕС на:
Националните сектори
Меѓународните активности
Имајте на ум дека познавањето на германскиот јазик се бара за сите работни позиции како практикант во сите наши канцеларии во Германија.
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија