27.05.2023

Школа за женски активизам - Прв модул

На 27 мај во Струга започна првиот модул на деветата генерација од Школата за женски активизам, на кој ќе се дискутираат темите од областа на феминизмот, основите на родовата еднаквост, основите, вредностите и развојот на социјалдемократијата.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска ги поздрави учесничките на деветата генерација и ги запозна со историјата на Школата за женски активизам и бенефитите од истата. Со поздравни говори се обратија и претставнички на партнерите на Форум на жени на СДСМ Нита Старова, проектна координаторка на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Марија Марковска Крушаровска, финансиска менаџерка на Прогрес Институт за социјална демократија. Професорот Ѓорѓи Спасов беше еден од предавачите, којшто зборуваше за основите и развојот на Социјалдемократијата.

Школата за женски активизам е проект кој се реализира веќе деветта година во четири модули. Со завршување на Школата учесничките ќе бидат родово сензитивни и охрабрени политичарки за понатамошно нивно инволвирање и делување во политиката и општествениот живот.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org