Регионален дијалог во Југоисточна Европа
По повеќе од две децении посветена работа во Југоисточна Европа, ФЕС го потврдува фактот дека предизвиците и проблемите кои сè уште постојат во регионот може најефикасно да се разрешат преку споделена регионална рамка. Нашата заложба за унапредување на основните интереси за демократско консолидирање, социјална и економска правда и мир преку регионална соработка, уште од 2015 се зајакнува преку воспоставување на инфраструктура за координирање на регионалните активности на ФЕС од Сараево, Босна и Херцеговина, наречена Регионален дијалог Југоисточна Европа (Дијалог ЈИЕ).
Дијалог ЈИЕ нуди анализа на заедничките предизвици во регионот и создава адекватни регионални програми и активности во соработка со канцелариите на ФЕС. Нашата работа се одвива во тесна соработка со колегите и партнерите од целиот регион. Активностите се спроведуваат заеднички, под надзор или од канцеларија на ФЕС или на Дијалог ЈИЕ. Нашите регионални иницијативи се развиваат преку следниве три општи работни насоки:
Нашата веб страница обезбедува информации за одделни проекти реализирани под секоја од наведените работни насоки, изминати настани и идни иницијативи.
Работни односи и социјален дијалог
Регионалниот проект на ФЕС за работни односи и социјален дијалог за Централна, Источна и Југоисточна Европа е базиран во Братислава, со канцеларии во Белград и Варшава. Уште од 2000 год. а посебно по глобалната финансиска и економска криза од 2008, сведоци сме на темелно слабеење на европската социјална димензија. Во повеќето земји од регионот сведоци сме на слични трендови: слабеење на социјалната држава, сè помала покриеност на работниците со колективни договори, зголемување на несигурни облици на работа и напади врз синдикалните права. Како резултат на ова, разликите во социјалниот стандард, платите и најпосле, условите за живот во побогатите и посиромашните земји во Европската Унија и соседството стануваат сè подрастични и непомирливи.
Како одговор на овие предизвици, нашиот проект го поддржува јакнењето на синдикалните капацитети и знаења за Европската социјална димензија, негување на мрежите помеѓу синдикатите во регионот и Германија, развојот на синдикални стратегии на организирање во различните сектори и зголемено учество на младите синдикални членови.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија